Македонската фудбалска репрезентација до 19 години загуби попладнево од Франција со 2-0 и го претрпе вториот пораз на квалификацискот турнир во Албанија за пласман на Европското првенство.
Франција ја забележа втората победа на турнирот во Елбасан во овие квалификации и сосема очекувано успеа да избори пласман во Елитната фаза.
Победникот беше решен уште во првите 25. минути. Аблине во 14. минута донесе предност за Французите, а конечните 2-0 ги постави Вирџиниус во 25. минута.
По неуспехот во воведното коло против Србија, македонските фудбалери со два порази влегуваат во завршниот натпревар од квалификациите во Елбасан, против домаќинот Албанија на 16. ноември.