Во општина Гази Баба викендов трета година по ред се одржа „Бајрамски фудбалски турнир“ на кој учествуваа 11 екипи со над 180 натпреварувачи и турнир во улична кошарка „Турнир во стреет баскет“.
Како што соопшти општина Гази Баба, Бајрамскиот фудбалски турнир е во организација на општината и ФК Фортуна од Сингелиќ, а по одиграните натпревари, победниците ги прогласил градоначалникот Тони Трајковски.
Во генерација 2007 прво место освои ФК „ФАМОС,“ второ место ФК „Нова
Колонија“, а трето место ФК „Смилковци“. За голгетер на турнирот е прогласен Блажевски Филип, најдобар голман Емран Ајети, а за најдобар
играч е прогласен – Зеид Бафќари.
Во генерација 2008 прво место освои ФК „Башкими“, второ место ФК „Дараданет“, а трето Место ФК „Фортуна 2009“. За голгетер е прогласен Енес Адеми, за најдобар голман Михаел Аврамовски, а за најдобар играч е прогласен Сеад Џемаили.
Традиционално по трет пат, во организација на невладината организација „Младите за“ и под покровителство на општина Гази Баба и Град Скопје, викендов во
населба Автокоманда се одржа турнир во стреет баскет.
Градоначалникот Тони Трајковски и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски присуствуваа на настанот, ги поздравија присутните и на натпреварувачите им посакаа фер и добра игра.
Прво место на турнирот освои тимот на „Шарлота“, второ место тимот на „Баду Бар“, а третото место го освои тимот на „Натурал“. За најдобар натпреварувач на турнирот е прогласен Андреј Настовски.