Во четири категории поделени на мажи и жени денеска и утре во спортската сала ОУ „Невена Ѓеоргиева Дуња“ во општина Кисела Вода ќе се одржи 52. турнир во мечување „Солидарност“.
Натпреварите ќе бидат во дисциплината меч, мажи и жени сениори, пионери до 12 години, пионери до 14 години и кадети кои се до 17 години. Натпреварувачи ќе има од Бугарија, Грција, Србија, македонија…
Турнирот се одржува во чест на солидарноста на народите од Светот со трагедијата на скопјани причинета со катастрофалниот земјотрес.