Тројца македонски тенисери ја минаа првата пречка на фјучрсот во Скопје

Од:
Тројца од шестте македонски тенисери кои играа во првото коло на фјучрсот во Скопје денеска постигнаа победи и се пласираа во следната рунда. Македонија ќе има сигурно и четвртфиналист бидејќи утре во 2.коло меѓусебе ќе играат Томислав Јотовски и Димитар Грабул.
Најтешко првиот противник го мина единствениот од македонските тенисери, кој е рангиран како носител (број 7) Томислав Јотовски. Тој со пресврт во три сета го победи Лука Нарциси од Италија со 2-1 во сетови (4:6; 6:1 и 7:5). Неговиот утрешен ривал Димитар Грабул со 2-0 во сетови (6:1 и 6:2) го победи Маурицио Алварез-Гузман од Чиле. Третиот со победа денеска е Бесир Дургути, кој со 2-0 во сетови (6:1 и 6:3) го победи Небојша Миленковиќ од Србија.
Порази претрпеа Стефан Мицов, кој загуби од вториот носител Максимилијан Нојкрист од Австрија со 2-0 во сетови (6:3 и 6:2), а Горазд Србљак загуби од Страхиња Ракиќ од Србија со 2-0 во сетови (7:5 и 6:2). Силен отпор на петтиот носител Клаудио Фонтана од Италија му пружи и Давид Мицевски, кој зе поразен со 2-0 во сетови (6:3 и 6:4).
Во конкуренција на двојки од македонските тенисери денеска досега ниту еден не успеа да победи. Теодор Дељановски и Мицевски загубија од Дејн Пропоџиа и Цубг Јанг, додека Дургути во комбинација со Марко Осмакчиќ загубија од првите носители Нојкрист и Давид Пихлер. Попладнево ќе се игра и последното четвртфинале во двојки Јотовски и Резарт Чунгу ќе играат против Грабул и Лука Петровиќ.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех