Тројца Македонци се искачија на подиумот на мотокрос трките во Србија

Од:

Тројцата претставници на Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ) освоија места на подиумот на натпреварот од Отворениот шампионат на Србија во мотокрос кој викендов се одржа на патеката „Стрелиште“ крај Брус.

Најмладиот наш претставник, 9-годишниот Лука Ристевски одлично се снајде во класата МХ65 и оствари уште една меѓународна победа. Во двете возења тој беше убедливо побрз од домашните натпреварувачи Миодраг Станојевиќ и Милиќ Зимоњиќ.

Во класата МХ85 стартуваа двајца Македонци: Андријан Ристевски и Христиан Станковиќ.

Најдобар во оваа конкуренција беше Виктор Ивановиќ од Црна Гора, втор заврши Ристевски, а трет Станковиќ.

За македонските мотоциклисти веќе следниот викенд продолжуваат натпреварите од меѓународен карактер. Дел од нив ќе учествуваат на натпревар од Отворениот грчки шампионат во Кожани, а дел на трка во рамките на Отворениот шампионат на Србија во Лесковац.

Би можело да ве интересира

Мото ГП: Бањаја ја освои ГН на Сан Марино

Ана Ололовска

Мотоциклистот Дупаские почина од повреди здобиени при пад на трка

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хорор-судир во Бразил, загина мотоциклистот Матеус Барбоса

Жарко Настоски

Награди за најдобрите во автоспортот за 2019 година

Ана Ололовска

Маркез беше пренесен во болница по паѓањето на „Бурирам“

Ана Ололовска

Бузалковски: Следната сезона целта е влез во ТОП 5

Ана Ололовска