Данската тенисерка Каролина Вознијацки го освои трофејот на ВТА турнирот во Хонг Конг. Таа денес во финалето беше подобра од Кристиона Младеновиќ (Франција) со 2-1, по сетови 6:1, 6:7 и 6:2.
На поранешната прва тенисерка во светот и беа потребни два часа и 40 минути да дојде до својата 25.титула во кариерата и втора оваа сезона.
Турнирот во Хонг Конг се играше за награден фонд од 250 илјади долари, а победничка ќе добие 43 илјади, како и нови бодови на ВТА рејтинг листата.