Во НБА лигата ноќеска се одиграа само два натпревара на кои победи постигнаа домашните екипи Оклахома Сити и Милвоки.
Оклахома Сити оствари триумф над Њу Орлеанс со 121:95, а дури четири играчи (по двајца од секој тим) постигнаа по 23 поени. Кај победникот тоа беа: Кевин Дјурант и Расел Вестбрук, додека во редовите на поразениот тим беа: Ентони Дејвис и Џру Холидеј. За Оклахома Сити ова беше 40.та победа и се наоѓа на трето место во Западната конференција.
На вториот дуел Милвоки го совлада Вашингтон со 99:92, а најефикасен со 27 поени беше Крис Мидлтон од Милвоки. Двата тима имаат повеќе порази од победи и не се наоѓаат во зоната на екипи кои би играле во плеј офот.
Во НБА лигата ќе има неколку денови пауза бидејќи во Торонто се одржува традиционалниот „Ол стар викенд“.