Триумф за МЗТ Скопје над Будуќност

Од:

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром остварија голема победа вечерва на домашен терен против силната Будуќност со 96:90 во 12.коло од регионалната АБА лига.

„Сино-белите“ одиграа одлично во нападот, шутираа со висок процент и со 13 тројки од само 22 обид му ја донесоа првата победа на новиот тренер, Анте Назор. Тимската игра се гледа од големиот број асистенции (23), како и подобриот скок од противникот 30:21. Хрватскиот стратег го изненади противникот со ниска петорка, во која сите можеа да постигнат тројка, што на аеродромци им ја донесе четвртата победа по ред на домашен терен во регионалното натпреварување.

Дури седум кошаркари на МЗТ Скопје Аеродром имаа двоцифрен поентерски ефект, а Џош Скот со 15 поени, 10 скока и две атрактивни блокади беше централна фигура во таборот на македонскиот шампион. Шарлон Клоф и Даниел Кларк реализираа по 14, Ѓорѓре Дреновац 13, Марко Симоновски 12 (4/6 за тројка), исто толку даде и Диабате, а Јуре Лалиќ 11 поени.
Со овој триумф МЗТ Скопје има ефект 4-8 (победи-порази) и полека фаќа приклучок со екипите од средината на табелата, додека црногорскиот шампион го претрпе вториот пораз од 12 натпревари и останува на 2.место.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос