Триумф на Мареј на „Квинс“ турнирот

Од:

Енди Мареј успеа да триумфира на „Квинс“ турнирот во Лондон, откако во финалето го победи Кевин Андерсон со 2:0 во сетови. Мареј двата сета ги доби со 6:3 и 6:4 во гемови. Ова за Мареј е четврта победа на овој турнир.

Во текот на мечот Мареј ги искористи двете брејк топки (по една во секој сет), додека Андерсон немаше брејк шанса. Со победата Британецот стигна до 34.та турнирска победа во кариерата.

Инаку, Мареј денеска победи два меча откако мораше да го доигра и полуфиналето со Виктор Троицки. Тој беше подобар од Троицки со 2:0 во сетови, откако овој меч беше прекинат вчера поради дожд.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ