Триглав Осигурување нов партнер на македонската кошаркарска репрезентација

Од:

Македонската кошаркарска репрезентација доби нов спонзор во името на Триглав Осигурување. На денешната заедничка прес-конференција задоволство од постигнатиот договор за соработка искажаа претставниците на двете страни.

– Нашето кошаркарско семејство се проширува со уште еден голем пријател на спортот. Во Триглав Осигурување добиваме партнер кој ќе биде поддршка на националниот тим во целиот период на подготовки. Имаме амбициозна програма со помош на нашите спонзори ќе бидеме во состојба многу полесно да ја исполниме и да им овозможиме на нашите кошаркарски репрезентативци што подобри услови за работа, рече генералниот секретар на МКФ, Дејан Лекиќ.

Осигурителната компанија која беше претставувана од извршниот директор и поранешен кошаркарски репрезентативец Ѓорѓе Војновиќ очекува со нивна помош Македонија повторно да постигне добар резултат на ЕП.

– Триглав Осигурување покрај тоа што досега ја поддржуваше екипната македонска кошарка, одлучи да ја помага и кошаркарската репрезентација на Македонија. Нашето спонзорство се поклопува со генералното спонзорство на Групацијата Триглав на Европското првенство 2013. Силно веруваме во помагањето на нашата национална гордост – кошаркарската репрезентација и искрено се надеваме дека со овој потег ќе придонесеме кон остварување на што подобар резултат, истакна директорот Војновиќ.

Одлуката Триглав Осигурување да вложува во македонската репрезентативна кошарка беше поздравена од капитенот Перо Антиќ и Владо Илиевски. Двајцата кошаркари изразија надеж дека со помошта од новиот спонзор патот до успехот на претстојното ЕП во Словенија ќе биде полесно совладлив.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он