Три злата за американските пливачи

Од:

На шестиот ден од натпреварувањата во „Акватик центарот“ во Лондон на Олимписките игри, Американците освоија три златни медали и беше поставен еден светски рекорд.

Ребека Сони во трката на 200 метри градно го освои златниот медал и уште еднаш на Игрите во Лондон постави светски рекорд – 2:19.59 минути. Среброто и припадна на Јапонката Сатоми Сузуки, а бронзата Јулија Ефимова од Русија.

Тајлер Клери освои златен медал на 200 метри грбно со време на олимписки рекорд, совладувајќи го својот сонародник Рајан Лохте кој освои бронза, додека среброто му припадна на Риосуке Ирие од Јапонија.

Мајкл Фелпс до 20.от медал на Олимписките игри дојде со победата во дисциплината 200 метри мешано, што беше негов прв златен медал освоен поединечно на Игрите во Лондон. Со овој успех Фелпс го одбрани првото место освоено во Атина и во Пекинг. Рајан Лохте освои сребро, а Унгарецот Ласло Чех бронза.

На 100 метри слободно кај жените олимпиското злато го освои Раноми Кромовидјојо од Холандија, пред светската шампионка Александра Херасименија од Белорусија и Ји Танг од Кина.

Би можело да ве интересира

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?