На деветте натпревари во НБА лигата одиграни ноќеска на три победи постигнаа гостинските екипи. Шампионот Голден Стејт ја оствари 63. победа и сега има процент од 90 отсто. Совладана беше екипата на Минесота.
Важен триумф оствари и Вашингтон на гостувањето кај Атланта со што остана со шанси за пласман во плеј офот, иако во моментов има нешто послаб биланс од Чикаго и Детроит, кои исто така се борат за место во плеј офот.
На гостинска победа се радуваа и кошаркарите на Мемфис против Феникс, кој нема шанса за плеј офот.
Резултати:
Шарлот – Сан Антонио 91:88,
Кливленд – Денвер 124:91,
Индијана – Филаделфија 91:75,
Бостон – Орландо 107:96,
Детроит – Милвоки 92:91,
Атланта – Вашингтон 102:117,
Чикаго – Сакраменто 109:102,
Минесота – Голден Стејт 104:109 и
Феникс – Мемфис 97:103.
Пласман Источна конференција: Кливленд 50-20 (победи-порази), Торонто 48-21, Мајами 40-29, Атланта 41-30, Бостон 41-30, Шарлот 40-30, Индијана 37-33, Чикаго 36-33, Детроит 37-34, Вашингтон 35-35,…
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 63-7, Сан Антонио 59-11, Оклахома Сити 48-22, ЛА Клиперс 43-26, Мемфис 41-30, Портланд 36-35, Хјустон 35-35, Далас 35-35,…