На три од седумте натпревари одиграни ноќеска во НБА лигата победникот беше решен по продолжение и на сите три победија домашните екипи.
Вашингтон беше подобар од Бостон по две продолженија, Торонто го победи Денвер, а ЛА Клиперс беше поуспешен од Феникс.
Резултати на ноќешните натпревари: Вашингтон – Бостон 133:132 (две продолженија), Торонто – Денвер 112:107 (продолжение), ЛА Клиперс – Феникс 121:120 (продолжение), Индијана – Атланта 92:108, Бруклин – Кливленд 88:110, Минесота – Голден Стејт 86:102 и Сакраменто – Јута 101:92.
Вечерва се играат осум натпревари: Кливленд – Торонто, Детроит – Портланд, Мемфис – Далас, Њу Орлеанс – Њујорк, Оклахома Сити – Милвоки, Феникс – Мајами, Јута – Сан Антонио и ЛА Лејкерс – Сакраменто.
Пласман Источна конференција: Торонто 16-5 (победи-порази), Атланта 14-6, Вашингтон 14-6, Кливленд 12-7, Чикаго 12-8,…
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 18-2, Хјустон 16-4, Портланд 16-4, Мемфис 16-4, Сан Антонио 15-5, ЛА Клиперс 15-5,…