Во Првата македонска кошаркарска лига викендов на програмата се натпреварите од 5.коло. Дербито се игра во салата Јасмин во Кавадарци каде непоразениот Фени Индустри е домаќин на вицешампионот Куманово.
Дебитантот во елитното друштво АВ Охрид е домаќин на трофејниот Работнички.
Од натпревар во натпревар се подобриот Кожув на домашен терен во ќе го нагости младиот состав на Вардар.
Интересно се очекува да биде и на дуелот во Битола меѓу Пелистер и Струмица.
Двојки за петтото коло:
Кожув – Вардар (19 часот),
Фени Индустри – Куманово 18 часот),
Охрид – Работнички (18 часот),
Пелистер – Струмица (13 декември 18 часот).
Табела: Работнички 8 бода, Фени Индустри 8, Куманово 7, Струмица 6, Кожув 5, Пелистер 5, Охрид 5 и Вардар 4.