Три децении по трагедијата во Хилсборо на англиските стадиони се враќаат секторите за стоење

Од:

Од следната сезона на дел од стадионите во англиската прва и втора фудбалска лига ќе бидат дозволени места за стоење за навивачите во рамки на пилот-проект на британската Управа за безбедноост на спортските борилишта (SGSA).

Министерството за спорт соопшти дека за реализација на пилот проектот ќе биде неопходна соработка со клубовите и навивачите, со цел да се воведат безбедни места за стоење на трибините.

– Независното истражување е завршено, капацитетот на исполнетост на стадионите се зголемува ширум земјата и сега е вистинското време да напредуваме, изјави британскиот министер за спорт Најџел Хадлстон.

Британската Влада од безбедносни причини од сезоната 1993/94 воведе задолжително седење на трибините, по несреќата на стадионот „Хилсборо“ во 1989 година во која загинаа 97 луѓе.

Би можело да ве интересира

Почнуваат градежните работи на Националниот фудбалски стадион во Сурчин

Предраг Петровиќ

Груевски пред мечот и по коментарот на Имобиле: 10 декари земја се неспособни да одржуваат

Предраг Петровиќ

Посебен режим на сообраќај денеска во Скопје

Предраг Петровиќ

„Бомбоњера“ заминува во историјата

Предраг Петровиќ

Отворен е „Лусаил“, стадионот каде ќе се игра финалето на Светското првенство

Швајцарија забрани гостински навивачи на фудбалските стадиони

А1он