Поранешниот професионален борач Тревис Фултон, кој се учествувал во најголем број ММА-борби во историјата на борењето, починал во саботата во својата затворска ќелија во „Седар рапидс“, Ајова (САД). Првичните наводи укажуваат на самоубиство.
Според канцеларијата на шерифот во Округот Лин, еден работник во затвор кој вршел рутинска проверка околу 4 часот наутро, го пронашол Фултон обесен. Откако обидите за реанимација не успеаја, Фултон е пренесен во Медицинскиот центар „Мерси“, каде што е прогласен за мртов околу 5 часот наутро. Борачот имаше 44 години.
Инаку, Фултон во февруари беше обвинет по три случаи поврзани со детска порнографија. Беше во затворот во Округот Лин од апсењето на 19 февруари.
Причината за смртта останува под истрага, бидејќи официјалните лица ги чекаат резултатите од обдукцијата.
Последната борба, Фултон ја имаше 2019 година.