Трето коло кај суперлигашите во кошарка

Од:

Кошаркарските суперлигаши вечерва ќе ги одиграат натпреварите од 3.коло. Дербито се игра во Кавадарци каде Фени Индустри ја пречекува екипата на Работнички. Ова е единствениот дуел од ова коло во кое играат две непоразени екипи. Почетокот на натпреварот е во 19 часот.

Во истиот термин во Куманово играат Куманово и Кожув. Една од двете екипи во ова коло ќе ја постигне првата победа во Супер лигата.

Во третиот натпревар од 3. коло шампионот МЗТ Скопје е домаќин на Лирија. Натпреварот во СЦ „Борис Трајковски“ почнува во 19 часот и 30 минути.

Табела: Работнички 2-0 (победи-порази), МЗТ Скопје 2-0, Фени Индустри 2-0, Кожув 0-2, Куманово 0-2, Лирија 0-2.

Би можело да ве интересира

Почина млад српски кошаркар (15)

Кошаркарите на Црвена звезда се првите финалисти на Купот Радивој Корач

Огњен Добриќ стана 10-тиот најдобар стрелец во историјата на „Црвена звезда“

Кошаркарите на Партизан го победија Монако во 26. коло од Евролигата

Горан Наумовски

Кошаркарите на Црвена звезда ја совладаа Алба во Берлин во 26. коло од Евролигата

Почина Дражен Далипагиќ

А1он