Трета победа за Вардар во СЕХА лигата

Од:

Шампионот на СЕХА лигата, Вардар синоќа во Бања Лука ја постигна и третата победа во ова натпреварување. Вардарци го совладаа домаќинот Борац со 31:22 (15:9).

Домашните ракометари беа равноправен ривал само во првите 15 минути до резултат – 5:5, а Вардар потоа направи серија од 4:0 за водство и воедно за нова победа. Најефикасен кај Вардар беше Добивое Марковиќ со 7 голови, додека Страхиња Милиќ имаше 15 одбрани.

„Црвено-црните“ на овој натпревар настапија без Арпад Штербик и Блаженко Лацковиќ.

Покрај овој натпревар вчера Раднички и Војводина одиграа нерешено 24:24. Денеска се игра натпреварот Мешков Брест и Нексе.

На чело на табелата се унгарски Веспрем и Вардар со по 9 бодови, додека Металург од два натпревара има три бодови.

Во сабота се игра дерби дуелот на водечките екипи, Вардар ќе гостува кај Веспрем. 

Би можело да ве интересира

Со два дрона се трага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Горан Наумовски

Јовчески: Повреденото дете кај Рашче наскоро ќе замине на домашно лекување

Горан Наумовски

Познат е идентитетот на загинатите во несреќата кај Рашче

Една од починатите жени го управувала возилото кое синоќа падна во Вардар

Голема потрага по возачот на „аудито“ што вчера падна во Вардар

Извлечено е возилото кое падна во Вардар, од него се извадени тела на три женски лица