Трета победа за Металург во Лигата на шампионите

Од:

Трета победа за Металург, во исто толку натпревари, во Ц групата во Лигата на шампиони. Македонскиот првак, како гостин, во третото коло го совлада Силкеборг со 26:23 (11:14).

Ракометарите на Металург, на ова гостување покажаа карактер, победија и покрај лошата игра во нападот од која произлегоа дури 13 загубени топки.

Силкеборг до 42 –та минута имаше, игра и предност од четири гола 14:18, но во следните 15 минути Металург направи целосен пресврт со серијата од 9:3 и мироно го приведе мечот кон самиот крај.

Дарко Станиќ со 21 одбрана го предводеше тимот до третата победа во ЛШ, кај стрелците Мојсоски постигна 7, а Вугринец и Ѓеорѓиевски по 5 гола. Најефикасни во редовите на Силкеборг беа Лауге со 5 и Моргесен со 4 погодоци.

Следниот натпревар во ЛШ, Металург ќе го одигра на 20. октомври, кога во Скопје ќе гостува Санкт Петербург.

Би можело да ве интересира

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он

Исландски ракометар ги навреди Хрватите: Сигурно штеделе за да дојдат на овој натпревар

А1он

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ