Трета година по ред Азар прогласен за најдобар белгиски фудбалер кој игра во странство

Од:

Еден Азар е прогласен за најдобар белгиски фудбалер кој игра во странство за 2019 година. Тој не можеше да присуствува на церемонијата на доделување на наградите поради повреда.

Играчот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин де Брујн и напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, беа конкуренти на Азар за наградата.

– Другите двајца исто така ја заслужуваат оваа награда. Во Челси добро ја завршив сезоната, во Реал Мадрид беше малку покомплицирано. Како што сите знаат, за време на отсуството добив неколку килограми поради повредата. Се чувствувам добро во Реал Мадрид, ова е најдобриот клуб во светот. Сонот ми се оствари. Ми се допаѓаат стадионот и навивачите, изјави Азар.

Ова е трета последователна ваква награда за членот на Реал Мадрид. Тој беше прогласен за најдобар фудбалер од Белгија кој игра во странство и за 2018 и 2017 година.

Би можело да ве интересира

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он

ВИДЕО: Тренерот на ПАОК сам нападна неколку навивачи на АЕК, ​​доби суспензија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Навивач го прекина едноминутното молчење за жртвите во Магдебург, цел стадион му одговори

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фудбалерот на Монако тешко го повреди Донарума

Горан Наумовски