Шпанскиот пилот Ден Берта Вињалес трагично го загубил животот на познатата патека Херез, откако во инцидент удри со главата во асфалтот.
На Петнаесетгодишниот возач експресно му беше укажана помош на патеката, а потоа и во амбулантното возили, но тешките повреди на главата и на телото предизвикале брза смрт.
Ужасните сцени се случија на Мото трката во младинска категорија Суперспорт 300, а загубата на младиот живот ги трогна и сите возачи во Мото ГП, бидејќи станува збор за роднина на Маверик Вињалес.
Поради големата трагедија, на Херез денеска не се возеа останатите закажани трки, вклучувајќи ја и онаа во Супербајк која беше предвидена за подоцна попладне.
За младиот Ден Берта, ова беш дебитантска сезона во Суперспорт 300 класата.