Шпанскиот мотоциклист Луис Салом (25) го загуби животот за време на слободниот тренинг во Мото 2, во пресрет на трката за Големата награда на Каталонија, објавија организаторите.
„По несреќата која се случи на тренингот во петокот со голема тага мораме да соопштиме дека Луис Салом го загуби животот, член на тимот SAG. И покрај сите напори на лекарите Салом почина во 16:55 часот“, стои во соопштението на организаторот на трката.
Салом во 12-от свиок ја загубил контролата врз својот мотоцикл и со голема брзина се забил во заштитниот ѕид, а организаторот наведува дека немал контакт со друг возач.