Играчот за врска Хозе Соса како позајмен фудбалер од Милан во новата сезона ќе настапува за Трабзонспор, објави турскиот клуб.
Трабзонспор во зимскиот преоден рок во јануари ќе има право на откуп на неговиот договор.
Аргентинецот го комплетира трансферот во Трабзон, откако стана јасно дека во Милан нема да биде стандарден првотимец, бидејќи на „Сан Сиро“ летово дојдоа многу нови играчи.
Турскиот клуб за позајмицата на Милан ќе му плати 1,5 милион евра, а во јануари ќе треба д адоплати уште 3,4 милиони евра по што Соса комплетно ќе биде нивни играч.
Соса веќе ги мина лекарските прегледи во Истанбул и се очекува негово деби во новиот клуб каде ќе заработува околу пет милиони евра годишно.