Кошаркарите на Торонто изборија пласман во финалето на „Исток“ откако синоќа во мајсторката со Мајами забележаа убедлива победа од 116:89 и со 4-3 во победи го постигнаа најголемиот успех во клупската историја.
Решавачка за победата беше последната четвртина која Торонто ја доби со 30:11. Тандемот на Торонто Кајл Лаври со 35 и ДеМар ДеРозан со 28 поени беа најдобри на теренот, а „дабл-дабл“ учинок имаше и Бишмак Бијомбо со 17 поени и 16 скокови.
Во финалето на Источната конференција од НБА лигата, Торонто ќе игра против Кливленд, а првиот натпревар се игра во Кливленд ноќта вторник кон среда.
Голден Стејт и Оклахома Сити вечерва го играат првиот натпревар од финалето на „Запад“.