Германскиот фудбалски репрезентативец Тони Крос на болен начин ја заврши својата спектакуларна кариера.
Крос кариерата ја започна во младинските редови на Ханза Росток, од каде се пресели во редовите на Баерн Минхен.
Потоа следуваше позајмица за Баер Леверкузен за на лето во 2014 година да ги засили редовите на Реал Мадрид, кој за него издвои 25 милиони евра.
OFFICIAL: Toni Kroos leaves professional football.
Thanks for everything from football fans, Toni. 🐐 pic.twitter.com/gNGGxwJc9O
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 5, 2024
Десет години беше член на кралскиот клуб и оваа сезона реши да стави крај на својата прекрасна кариера, но на првенството во татковината не успеа да ја освои титулата европски првак.
Во шокантниот натпревар од осминафиналето на Европското првенство, претрпе пораз од шпанскиот тим со резултат 2:1, и на крајно болен начин ја заврши професионалната кариера.