Тимовите имаат 12 дена да го привлечат Тимо Вернер

Од:

12 дена, толку време имаат фудбалските гиганти доколку сакаат да го привлечат напаѓачот на РБ Лајпциг – Тимо Вернер, со активирање на неговата откупна клаузула од 55 милиони евра, информира британското издание „Скај спортс“.

Главни претенденти за тоа се Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Челзи.

Таа истекува на 15 јуни (понеделник) и потоа екипите нема да можат да ги искористат нејзините предности.

„Црвените“ од Мерсисајд изгледаат како најзаинтересирани.

Сепак, тие не се подготвени да ја платат потребната сума од 55 милиони евра, особено со оглед на моменталната финансиска состојба во фудбалот.

Германските шампиони Баерн Минхен исто така имаа амбиции, но бргу се откажаа.

Би можело да ве интересира

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра