Тим од Италија заинтересиран да го врати Манџукиќ во Серија А

Од:

Поранешниот репрезентативец на Хрватска, Марио Манџукиќ, е на чекор од враќање во Серија „А“, јавуваат италијанските медиуми.

34-годишниот напаѓач во моментов е член на катарскиот клуб Ал-Духаил, со кој има договор до јуни следната година, но се појавуваат и гласини дека тој би можел да го напушти клубот ова лето.

Турските гиганти Фенербахче и Галатасарај покажаа интерес за неговите услуги, но медиумите пишуваат дека на хоризонтот се појави и тим од Италија.

Хрватскиот напаѓач веќе четири години го носеше дресот на Јувентус и во редовите на „Старата дама“ во Торино, тој запиша 162 настапи и постигна 44 голови, освојувајќи осум трофеи, вклучувајќи четири „скудета“.

Според некои гласини, Манџукиќ наводно е баран од Милан, во чии редови може да се отвори место со заминувањето на Златан Ибрахимовиќ. „Росонерите“ го бараа Манџукиќ уште пред тој да замине за Катар.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра

Легендарниот дански фудбалер објави крај на играчката кариера

А1он