Доминик Тием успеа да се пласира во полуфиналето на Мастерсот во Рим откако во денешниот четвртфинален меч беше подобар од Рафаел Надал со 2-0 во сетови (6:4 и 6:3 во гемови).
Ова беше трет меч на овие двајца тенисери последниве 20 дена и Тием ја оствари првата победа. Негов ривал во полуфиналето ќе му биде победникот од дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Хуан Мартин Дел Потро што се игра вечерва.
Во второто полуфинале ќе играат: Џон Изнер и Александар Зверев. Изнер со 2-1 во сетови (7:6; 2:6 и 7:6) беше подобар од Марин Чилиќ, додека Зверев го совлада Милош Раониќ со 2-0 во сетови (7:6 и 6:1).
Во женскато полуфинале број 1 ќе играат: Симона Халеп и Кики Бертенс. Халеп со 2-0 во сетови (6:2 и 6:4 во гемови) ја победи Анет Контавеит, додека Бертенс беше поуспешна од Дарија Гаврилова со 2-0 (6:3 и 6:3).
Во тек е четвртфиналето Елена Свитолина – Каролина Плишкова, а вечерва играат Венус Вилијамс и Гарбине Мугуруза.