Во текот на вчерашниот ден на кошаркарски натпревар одржан во Скопје дошло до физичка пресметка меѓу играчите на кошаркарскиот клуб „Пелистер“ од Битола и навивачите на клубот „Шкупи“ од Скопје.
Како што информираат од МВР, вчера во спортската сала „Шабан Трстена“ по завршување на натпреварот меѓу кошаркарскиот клуб „Шкупи“ и кошаркарскиот клуб „Пелистер“, од трибините каде што биле навивачите на домашниот клуб била фрлена петарда кон клупата на гостинската екипа. Оттаму возвратиле со фрлање пластично шише полно со вода кон навивачите на кошаркарскиот клуб „Шкупи“.
По ова, револтираните навивачи ја прескокнале оградата од трибината и нападнале неколку играчи од кошаркарскиот клуб „Пелистер“. Притоа, со повреди се здобиле техничкиот раководител на клубот и еден од играчите. При интервенцијата за спречување на насилството, повредени биле и двајца униформирани полициски службеници.
Од полицијата преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.