Тензичен пресот на македонските кошаркари по нивното враќање од Венецуела

Од:

Зошто не ги искористивте доволно квалитетите на МекКејлеб? – со вакво прашање македонски новинар ја отвори тензичната атмосфера на прес конференцијата на македонската кошаркарска репрезентација по нивното враќање од Венецуела, каде тие не успеаа да се пласираат на Олимписките игри.

Ова прашање, дел од македонските кошаркари го сфатија и како директна навреда врз нив но и врз раководството па возвратија со прашање: А што дополнително требале да направат и како да го искористат натурализираниот Македонец?

По сето ова на прес конференцијата настана тензична и помалку недолична атмосфера со дофрлувања и навреди врз „до скоро – најголемите македонски херои“ – македонските кошаркари.

Дрскиот и груб однос на некои до новинарите стигна и дотаму што по објавата на репрезентацијата – дека нивното кошаркарско семејство не се растура, – некој од новинарите дури и прашаа:  Кога ќе заминете? Срам ли ви е што изгубите?

Најнепријатно сепак му беше на Лестер Бо МекКејлеб кој поголемиот дел од прес конференцијата го помина со главата наведната надолу.

Македонските кошаркари децидно изјавија дека остануваат во репрезентација, а од Федерацијата пак изјавија дека и доколку некои од кошаркарите се пензионира, повторно ќе остане во репрезентацијата, на некоја друга позиција како на пример советник.

Би можело да ве интересира

Сопругата на латвискиот кошаркар е осомничена дека го нарачала неговото убиство

Предраг Петровиќ

Раул Нето го раскина договорот со Барселона

(ВИДЕО) Лесор, кошаркарот на Панатинаикос, заработи тешка повреда

Горан Наумовски

Кошаркарите на Милвоки и Оклахома во финалето на НБА Купот

(ВИДЕО) Има 18 години, а висок е 236 сантиметри – џин беше уште во градинка

А1он

Евролигата го казни Партизан со 50.000 евра за инцидентите на мечот со Олимпијакос