Тенисерот Киргиос почна да посетува психолог

Од:

Австралискиот тенисер Ник Киргиос почнал да ги користи услугите на психолозите. Според 23-годишниот контроверзен тенисер на таков чекор се решил за подобро спокојство.

– Почнав да посетувам психолог. Претпоставувам дека овој потег требаше да го направам порано, но одбивав такви услуги. Сега чувствувам дека можам слободно да зборувам за тоа. Немам што да се сокријам. Оваа година се соочив со голем број проблеми на теренот. Но, се уште сум среќен што имам кариера каква што е, изјави Киргиос.

Работам со мојот тим за да го пронајдам вистинскиот баланс. Во изминатите две години не можев да го направам тоа, додаде Киргиос.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ