Тенисери од цел свет на ИТФ фјучрс турнир во СЦ „Јане Сандански“

Од:

Тенискиот клуб Теннис Парк и оваа година ќе организира два ИТФ фјучрс турнири, врзани во две последователни недели, со зголемен награден фонд, односно секој турнир, вреден по 15.000 долари.

– Теннис Парк од Скопје, при СЦ Јане Сандански, веќе три години е дел од тенисот во Македонија и член на Македонска Тениска Федерација. Како еден од најмладите клубови, отворајќи ја тениската школа за многу кратко време успеавме да направиме забележителни резултати, како на домашен план, така и пошироко. Во текот на минатото лето, ТК ТеннисПарк на голема врата го врати тенисот од нашата земја на светската мапа, и Македонија, по долги години, повторно беше организатор на турнири од највисок ранг. И годинава ќе организираме два врзани турнири, информираа од ТК Теннис Парк.

Турнирите се еден по друг со цел максимално да биде сконцентрирано вниманието на луѓето од спортот и медиумите, во тие две недели.

Од клубот најавија и зголемување на бројот на терените.

– Со оглед на тоа што располагаме со убедливо најдобра подлога, и најсовремени придружни капацитети, можеме да кажеме дека сме посебно горди на постигнатото досега. Во таа насока, веќе работиме и на проширување на капацитетот на терените, односно изградба на нови осум игралишта.

Првите мечеви на турнирите започнуваат во сабота кога на програмата се квалификациите, а главниот турнир почнува в понеделник на 24 јули. И оваа година организаторот очекува огромен број љубители на тенисот да дојдат и да ги следат мечевите.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ