Tенисер на сред меч сликаше со мобилен и ја оспори судиската одлука

Од:

Сергеј Стаковски го прекина тенискиот меч со Ричард Гаске за да ја сподели со своите Twitter фанови спорната одлука на линискиот судија.

„Верувам дека беше лоша одлука. На крај на краиштата играме на цигла каде можете јасно да го видите отпечатокот.“, вели тенисерот објаснувајќи ја својата одлука.

Спорниот момент од натпреварот се случи во првиот сет, кога линискиот судија тврдеше дека топката излегла надвор од теренот, тенисерот не го делеше ова мислење, па го прекина мечот и отиде да го фотографира со својот iPhone.

Мечот заврши во корист на Гаске, а најверојатно ќе биде забележан единствено по фотографирањето.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех