Темната страна на Олимписките игри

Од:

Олимписките игри се најпрестижен спортски настан на светот, многу спортисти го посветија животот да настапат на игрите, но и тие имаат своја темна страна.

Можеби и најсрамниот настан во врска со Олимписките игри се случил на третите игри кои се одржале во 1904 година во Сент Луис во САД.

Тогаш Џејмс Едвард Саливен организирал расен експеримент осмислен со цел да се докаже дека цивилизираните бели Американци не се дораснати на природниот атлетицизам. Домаќинот освои 239 од вкупно 280 медали.

Овој настан наречен Денови на антропологијата, се случил два дена пред почетокот на стварните игри.

На овие игри учествувале „дивјаци“ кои биле донесени во САД од своите краишта во светот. Меѓу нив се нашле и американски и австралиски домородци, канибали, Пигмејци, Ескими и припадници на многу племиња од Африка, Јужна Америка, Филипини.

Учествувале во трка на 100 метри, тој момент кога пиштолот дал знак за старт, некои се закопале во место, а другите несвесни дека до целта треба да се стигне што побрзо, почнале лесно да трчаат по патеката.

Тоа не била последна злоупотреба на игрите. И подоцна многу Игри се користеле за да се понижат други народи, додека некои поединци најголемиот спортски настан го користеле за да го свртат вниманието од некој проблем.

На ОИ во 1936 година во Берлин, Адолф Хитлер ги искористил игрите како дел од својата нацистичка пропаганда. Го забранил учеството на Евреите, но неговиот план го расипал Американецот со црнечко потекло Џеси Овенс, кој ги понижил Ариевците освојувајќи четири златни медали.
На Јужна Африка и било забрането да учествува на игрите од Токио 1964 до Барселона 1992 година. Причината за тоа била расната сегрегација во ЈАР.

На игрите во Мексико Сити во 1968 година во прв план биле двајца американски шампиони. Томи Смит и Џон Карлос освоиле златен и бронзен медал во трката на 200 метри, а на победничкиот пиедестал излегле боси со подигнати дланки во црна ракавица (поддршка на движењето на Афроамериканците – „Црна  Сила“) за да го изразат незадоволството од третманот на Афроамериканците во САД.

На игрите во Минхен во 1972 година палестински терористи упаднаа во Олимпиското село и убија девет израелски олимпијци.

Триесетите олимписки игри ќе се одржат во Лондон од 27 јули до 12 август.

Би можело да ве интересира

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?