Телохранител украл фотографии и наоди на болниот Михаел Шумахер, се заканува дека се ќе објави ако не му платат 15 милиони евра

Од:

Нови детали се појавија откако германската и швајцарската полиција заеднички уапсија тројца мажи за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер.

Поранешниот обезбедувач на семејството Шумахер – Маркус Фриче, го предводеше обидот за уцена откако семејството на легендата на Формула 1 го извести дека ќе добие отказ.

Фриче почнал да работи за семејството Шумахер 18 месеци пред Михаел (55) да доживее страшна несреќа на скијање поради која веќе не е истиот.

Како обезбедувач, Фриче имал пристап до чувствителни информации, но со години верно му служел на семејството. Се додека семејството Шумахер не одлучи да го смени персоналот околу Михаел, по што Фриче ја започна својата криминална операција.

Тој го ангажирал својот долгогодишен пријател Јилмаз Тозтуркан и неговиот син, кој е експерт во областа на ИТ, за заедно да изнудат пари од семејството на Ф1 гигантот. Собрале дури 1.500 фотографии, 200 видеа и многу детални медицински досиеја со чувствителни информации за здравјето на Михаел, открива „Дејли Мејл“.

Тие складираа сè на два хард дискови и четири УСБ-дискови што Фриче ги извади од замокот на семејството Шумахер откако сфати дека ќе биде отпуштен.

Тогаш неговата „банда“ стапила во контакт со семејството и се заканила дека ќе ги објави сите фотографии и наоди доколку не добијат 15 милиони евра.

„Дејли Мејл“ пишува дека на 3 јуни Јилмаз Т. користел скриен број за да се јави на семејството Шумахер и да им се заканува, а на 11 јуни неговиот син Линс му испратил на семејството четири фотографии за да им ги докаже своите намери.

Побарале 15 милиони евра преку две уплати, а размената требало да се случи во канцеларијата на адвокатот на Шумахер. Меѓутоа, на 19 јуни, полицијата ги уапси Тозтуркан и неговиот син Линс.

Во септември германското обвинителство објави дека ја завршило истрагата за случајот, а нивното судење ќе започне во декември.

Јилмаз Тозтуркан е чувар во ноќен клуб во близина на замокот на семејството Шумахер. Фриче го познава повеќе од 20 години, а живеат блиску еден до друг во Вупертал.

Би можело да ве интересира

Поранешната медицинска сестра на Шумахер обвинета за неуспешен обид за уцена на семејството на тркачот

Конечно охрабрувачки вести за состојбата на Михаел Шумахер, тој може да седне на маса

Михаел Шумахер направи две фатални грешки тој ден, се навестуваше трагедија

Предраг Петровиќ

Лекар ја откри главната причина за влошената состојба на Михаел Шумахер

Ана Ололовска

Британски неврохирург: Шумахер никогаш нема да закрепне

Наум Локоски