Таткото на напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Нејмар изјави дека неговиот син не ја напушти Барселона затоа што се чувствувал себеси во сенка на капитенот и напаѓач на Каталонците Лионел Меси, објави „АС“.
Дваесет и седум годишниот Бразилец играше за Каталонците од 2013 до 2017 година.
Мојот син не ја напушти Барселона затоа што се чувствувал како да е во сенка на Меси. Кога му заѕвони емирот кој искажа интерес за него, Нејмар го зема в предвид презентираниот план за појава на нова ѕвезда и градење на амбициозен тим. Во Реал тој нема да оди, ги цитира „АС“ зборовите на таткото на Нејмар.
Во моментов Бразилецот закрепнува од повредата на стапалото која го оддалечи од теренот.