Досегашниот селектор на црногорската кошаркарска репрезентација Богдан Тањевиќ се повлече од функцијата и стави крај на неговата кариера, објави тамошниот кошаркарски сојуз.
Челниците на Кошаркарскиот сојуз на Црна Гора му се заблагодари на нивниот досегашен селектор за направеното во време на неговиот мандат.
– Посебно му се заблагодаруваме за ангажманот во последните три години во кои посветено работеше на воспоставување на систем во тренерската организација, како и на резултатите не младинските селекции. Со задоволство сакаме да ја информираме јавноста дека Тањевиќ ќе остане на чело на тренерската организација и таа позиција ќе работи на афирмација на црногорската кошарка и на едукација на нашите тренери, се наведува во соопштението на КСЦГ.
Тањевиќ како предлози за свој наследник на селекторското место ги даде имињата на Дејан Радоњиќ и Душко Ивановиќ. Останува да се види дали некој од овие два тренера ќе биде назначен за нов предводник на кошаркарската репрезентација на Црна Гора.