Тајсон Фјури стави крај на својата боксерска кариера

Од:

Британскиот тешкаш и поранешен светски шампион во верзијата ВБЦ Тајсон Фјури (34-2-1, 24 КО) објави дека ја завршил професионалната боксерска кариера.

Својата одлука „Кралот на циганите“ ја објави со по малку бизарна видео порака на социјалните мрежи.

„Поздрав на сите, ќе бидам краток и јасен. Би сакал да објавам дека се повлекувам од боксот. Беше прекрасно, уживав во секоја минута од тоа. Дик Турпин носи маска. Бог да ве благослови сите, видете ги на другата страна“, рече Фјури.

Инаку, Дик Турпин бил познат ограбувач на автопат, кој го криел идентитетот со маска, а Фјури сакал да каже дека е ограбен во последната борба во кариерата, а не се ни обиделе да се сокријат.

Ова не е првпат 206 сантиметри високиот Англичанец да се повлече од професионалниот бокс, иако сега има поизвесни шанси да не блефира – на крајот на краиштата, тој претрпе два последователни порази од Олександр Усик (23-0, 14 КО).

Кога станува збор за 2024 година, Фјури двапати се бореше со Усик, при што Украинецот го симна од тронот минатото лето и повторно го порази во декември минатата година.

Сепак, дури и поразите од Усик не мора да значат дека Британецот навистина ги „закачи ракавиците“ затоа што беше планиран дуелот на островот со сонародникот Антони Џошуа (28-4, 25 КО), олимпискиот шампион на Игрите во Лондон во 2012 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Фјури бесен по поразот од Усик: Ова е подарок за Украинецот

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Епски крај на трилогијата: Фјури двапати беше на земја, па го нокаутираше Вајлдер

Џошуа и Фјури ќе се борат двапати за титулата апсолутен првак во тешка категорија

Жарко Настоски

Џошуа и Фјури ќе боксуваат за 500 милиони фунти

Жарко Настоски

Фјури ќе се откажува после 3 борби, ги откри и неговите ривали

Тајсон Фјури останува без пораз

Ана Ололовска