Украинската тенисерка Елина Свитолина бележи напредок од три места и се најде на 4.место на најновата ВТА ранг листа објавена денеска. Нејзиниот скок е резултат на освоениот завршен турнир во Сингапур.
Пред Украинката се Халеп, Кербер и Вознијацки.
Пласман на ТОП 10 тенисерки на ВТА ранг листата:
1. (1) Симона Халеп (Романија) – 6.921 поени
2. (2) Анџелик Кербер (Германија) – 5.875
3. (3) Каролина Вознијацки (Данска) – 5.586
4. (7) Елина Свитолина (Украина) – 5.350
5. (4) Наоми Осака (Јапонија) – 5.115
6. (6) Слоун Стивенс (САД) – 5.023
7. (5) Петра Квитова (Чешка) – 4.630
8. (8) Каролина Плишкова (Чешка) – 4.465
9. (9) Кики Бертенс (Холандија) – 4.435
10. (10) Дарија Касаткина (Русија) – 3.315.