Со дефиле на клубовите учесници синоќа на плоштадот „Филип Втори“ свечено беше отворен меѓународниот младински фудбалски турнир „Скопје Куп 2015“.
Организатори на турнирот се Градот Скопје и Фудбалската федерација на Македонија.
Годинава на турнирот ќе учествуваат 32 екипи од Македонија, Албанија Србија, Хрватска и Бугарија со фудбалери родени 1999 година и помлади, како и 2001 година и помлади.
На турнирот ќе настапат следниве екипи: ФК Партизан – Белград; ФК Вардар – Скопје; ПФК ДИТ – Софија; ФК Пелистер – Битола; НК Осјек – Осјек; НК Сесвете – Загреб; НШ Крпан Бабиќ – Осјек; НК Буба Мара – Загреб; НК Куштерија – Загреб; ФК Војводина – Нови Сад; ФК Славија – Софија; ФК Реал – Ниш; Академија Пандев – Струмица; ГФК Неготино – Неготино; ФК Шкендија – Тетово; ФК Елбасан – Елбасан ; ФК Металург – Скопје; ФК Еуромилк – Скопје.
Натпреварите ќе се играат од денеска до 11 август на повеќе стадиони во градот Скопје.
Финалните натпревари од овој меѓународен младински турнир ќе се одиграат на „Филип Втори”, доколку е Национална арена слободна, или на тренинг центарот „Петар Милошевски” во комплесот „Куќа на фудбалот”.
Градот Скопје од својот Буџет за овој голем меѓународен младински турнир во фудбал „Скопје Куп 2015“ издвојува 100.000 денари.