УФЦ, најмоќната ММА oрганизација, ќе го суспендира рускиот борач Хабиб Нурмагомедов, но и неговиот ривал Ирецот Конор Мекгрегор за инцидентот по нивната меѓусебна борба во неделата.
Нурмагомедов ја одбрани титулата, откако со технички нокаут во четвртата рунда го победи ирскиот борач, но по завршувањето на борбата се случи сериозен инцидент во кој рускиот борач нападна член од тимот на Мекгрегор, а околу рингот физички се пресметаа повеќе лица.
Мекгрегор е превентивно суспендиран на еден месец од медицински причини за да не се бори во меѓувреме.
Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт, соопшти дека рускиот борач ќе биде суспендиран од четири до шест месеци, но дека нема да му биде одземена титулата.
Спортската комисија на државата Невада информираше дека двата милиони долари хонорар, кои Нурмагомедов ги доби за борбата ќе останат замрзнати.