Суперлигата во македонското кошаркарско првенство можеби ќе започне предвреме , не како што беше најавувано на 20-ти март.
Дефинитивната одлука ќе се донесе денес, на состанокот на здружението на машки прволигаши.
Првиот дел од сезоната завршува овој викенд на 9-ти и 10-ти март, па така за најдобрите пет екипи остана уште десеттина дена до нивното приклучување кон Суперлигата.
Тоа што е неизвесно е дали ќе има ждрепка. Ако тоа не се случи тогаш следи Бергеров систем. Ако се следи тој систем тогаш би требало првиот да игра со шестиот.
За шампионот МЗТ сеуште не се знае дали ќе поставен како прв или шести, бидејќи тие не играа во првиот дел од сезоната поради обврските во АБА лигата.
Во најсилната лига ќе можат да настапуваат само клубови кои се имаат трансформирано во Акционерски друштва, а Кошаркарската федерација нема да прави исклучок за ниту еден клуб.
Последно објавено беше дека краен рок за трансформација е до 4-ти март, но ако се оди според стариот календар тогаш екипите имаат време најдоцна до 9-ти март.
Бидејќи најверојатно стартот на лигата ќе касни и рокот е пролонгиран.
Сите екипи што нема да се трансформираат во А.Д нема да имаат право за настап, и лигата ќе брои помалку екипи.