Слободан Суботиќ ќе биде новиот тренер на Цибона, објавија хрватските медиуми. По четиригодишна работа во Бејрут, Суботиќ ја прифатил понудата на поранешниот европски шампион и се очекува наскоро да биде официјализиран неговиот ангажман во хрватскиот трофеен клуб.
– Го прифатив предизвикот да ја предводам Цибона во време кога на клубот не му оди сјајно. Без разлика на разнишаната позиција, Цибона и натаму е големо европско име во кошарката, изјави Суботиќ.
Во својата тренерска кариера, Суботиќ ги водел Панатинаикос, Олимпијакос, Арис, АЕК, Цедевита и Сплит.