Традиционалната манифестација „Избор на најдобрите спортски екипи и спортисти за 2015 година“ вечер со почеток од 20 часот ќе се одржи во Домот на АРМ во Струмица.
Наградите ќе бидат доделени во категориите за најдобар млад спортист, спортска екипа во младинска конкуренција, тренер во младинска и во сениорска конкуренција, сениорска спортска екипа и спортист во сениорска конкуренција.
Плакети ќе добијат и спортски клубови и друштва кои во 2015 година прославуваа годишни јубилеи, како и спортисти интернационалци од Струмица, кои настапуваат за странски клубови и како репрезентативци на Македонија го афирмирале македонскиот спорт, а со тоа и струмичкиот спорт на меѓународна сцена, информираат од општината.
Манифестацијата се организира под покровителство на градоначалникот Зоран Заев и Советот на општина Струмица, во соработка со спортските новинари и спортските работници од Струмица, а во техничка организација на Општинскиот сојуз на училишен спорт на Струмица.