Стосур го освои Карлсбад, Рибарикова го одбрани трофејот во Вашингтон

Од:

Саманта Стосур (Австралија) е победничка на ВТА турнирот кој се играше во Карлсбад (Калифорнија).

Автралијанкта во финалето ја совлада фаворитката Викторија Азаренка (Белорусија) со 2:0 во сетови – 6:2 и 6:3.

Ова е прва победа за Стосур во мечевите против Азаренка, по осумте претходни порази.

За австралиската тенисерка триумфот во Калифорнија е прв голем успех по 2011 година кога го освои Отвореното првенство на САД.

Победата во Карлсбад на Стосур и донесе заработка од 125 илјади долари и нови ВТА поени.

Во САД, ноќеска по полноќ по македонско време се играше уште едно финале на ВТА турнир. Магдалена Рибарикова (Словачка) во финалето во Вашингтон ја победи Андреа Петковиќ од Германија со 6:4 и 7:6(2).

Рибарикова со овој триумф го одбрани трофејот од минатат година.

Би можело да ве интересира

Алкараз: „Тоа ќе не убие“

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Ѓоковиќ го испеа познатиот хит и најави спектакл во Бугарија со Димитров

„Надал е подготвен да се пензионира“

Предраг Петровиќ

Синер во четвртфиналето на УС Опен

Медведев во осминафиналето на УС Опен

Синер: „Знам кој ми е пријател, а кој не“

Предраг Петровиќ