Возачот на Репсол Хонда Кејси Стонер беше најбрз на квалификациите за Гран при на Каталуња, петта трка од Мото ГП шампионатот.
Стонер ја обезбеди втората пол позиција сезонава, вкупно 40 во неговата кариера или 36 во најсилната класа.
Возачот од Австралија, го остави зад себе домашните фаворит Хорхе Лоренцо на Јамаха, Кал Крачлоу исто од Јамаха избори уште едно место во првиот ред.
Во иста секунда со Стонер, од 4-то до 9-то место се уште Спис, Педроса, Довициозо, Хејден, Брадл и деветкратниот светски првак, Валентино Роси на Дукати.