Возачот на Репсол Хонда, Кејси Стонер ја освои пол позицијата пред претпоследната трка во сезоната во кралската класа од Мото Џи-Пи шампионатот во мотоциклизам, ГН на Австралија.
Австралиецот го искористи домашниот терен и до 5-тата пол позиција на простувањето од своите навивачи бидејќи најави повлекување на крајот од сезоната дојде со круг од 1:26,263 минути.
Друштво на Стонер во првиот ред ќе му прави водечкиот во генералниот пласман Хорхе Лоренцо со Јамаха и тимскиот колега Дани Педроса.