Стоилов: Вујовиќ ме повика да се тепаме пред салата!

Од:

Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ го отстрани репрезентативецот Стојанче Стоилов од екипата поради недисциплина.

„Врз основа на однесувањето одамна требаше да биде казнет. Тренер сум со краток „фитил“, и не трпам да ми одмавнува некој со раката додека му зборувам”, изјави Вујовиќ како за „Спортски журнал”.

Сепак, Стоилов има своја верзија на настаните.

„Вујовиќ помисли дека му враќам нему нешто, бидејќи имав една дискусија со своите соиграчи. Ова го има само во Македонија, само тука може странски тренер да те повика надвор од салата за да се тепате со него. Не можат двајца да се расправаат, а само еден да биде виновен. Имам и јас краток „фитил“, а потоа што”, вели Стоилов.

Би можело да ве интересира

Се онесвести на паркет данскиот судија кого го пцуеја Македонците за „грабежот“ против Холандија на СП во Вараждин

А1он

(ВИДЕО) Илјадници граѓани на Бан Јелачиќ ги чекаат хрватските ракометари

Португалија во транс, Мартим ја одведе во полуфинале

Комплетирано 1/4 финале: Кој против кого до битката за медали?

Хрватска го „скрши“ Исланд и се доближи до четвртфиналето

Бразилските ракометари ја победија Шведска и ја оставија без осминафинале

А1он