Стоилов: Се надеваме на победа во балканското дерби

Од:

Пивотот на македонската ракометна репрезентација Стојанче Стоилов верува во победа над Босна и Херцеговина.

– Не очекува балканско дерби на кое се надеваме на победа и сигурен пласман во следната фаза. Добрата одбрана би можела да биде пресудна за исходот на овој дуел. Иран ни покажа дека никого не треба да потценуваме, ама не треба ниту да се плашиме од било кој противник, истакна македонскиот кружен напаѓач.

Тежок натпревар очекува и првиот голман на „црвено-жолтите“ Борко Ристовски.

– БиХ има многу квалитетен состав. Сите нивни играчи можат да бидат опасни. Очекувам тешка борба, наше подобро издание од средбата со Иран и со позитивен резултат обезбедување осминафинале.

Натпреварот од 3.коло Б-група на СП во Катар меѓу Македонија и Босна и Херцеговина почнува во 17 часот.

Би можело да ве интересира

Гајиќ го играше последното Светско првенство

Ана Ололовска

Избран идеалниот тим на Мундијалот во Катар, Омејер со признанието МВП

Ана Ололовска

Франција е светски шампион во ракомет

Емир Латифовиќ

Полска по продолженија до бронзата

Емир Латифовиќ

Катар по невозможна мисија, Франција не загубила финале 22 години

Емир Латифовиќ

Чешки судии за финалето попладнево

Емир Латифовиќ