Стоичков под истрага поради напад врз новинар

Од:

Полицијата од американскиот град Чикаго поведе истрага против некогашниот најдобар европски фудбалер и репрезентативец на Бугарија, Христо Стоичков, поради напад врз новинар.

Според бугарските медиуми, Стоичков е осомничен дека со тупаница го удрил Светлозар Момчилов, новинар и сопственик на весникот „Бугарија Денес“ кој излегува во САД.

Момчилов поднел пријава против Стоичков во која тврди дека најдобриот бугарски фудбалер на сите времиња го удрил за време на прославата на 15-годишнината од формирањето на фудбалскиот клуб „Чикаго Фајер“, кога побарал од него да даде интервју за весникот.

Сточиков, кој во моментов е тренер на фудбалскиот клуб „Литекс“ од Ловеч, настапуваше за „Чикаго Фајер“ од 2000 до 2002 година.

Ова не е првпат Стоичков да биде обвинет за агресивно однесување и физички напад. Последниот во низата на вакви инциденти се случи во 2008 година, кога тој нападна фоторепортер на аеродромот во Барселона.

Би можело да ве интересира

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

ВИДЕО: Скандал во Бугарија – претепан делегат на натпревар

Предраг Петровиќ

Фудбалерите на Милан го совладаа Емполи во 24. коло од Серија А

Србија и Албанија ќе се домаќини на ЕП за млади во 2027

Де ла Фуенте останува селектор на шпанската репрезентација до крајот на ЕП 2028 година

Колапс на ѕвездата која заработи милиони: На 32 години работи за плата од 420 евра